Данецот Нилсен го засили Пелистер
Нилсен е висок 198 сантиметри и со своите настапи во данскиот прволигаш привлече голем интерес, но на крајот Пелистер го обезбеди неговиот потпис.
Данскиот ракометар претходно го носеше дресот на Нордсјеланд, а настапуваше и за младинските категории на репрезентацијата на Данска.
„Особено задоволство ни е што покрај Кисум, нашиот дрес ќе го носи уште еден дански ракометар во сезоната 2023/24, незаборавајќи ги убавите денови кои во нашата земја ги минаа Себастијан Хенеберг и Ларс Валтер, соопштија од Пелистер.