Бутел не играше на очекувано ниво, но го совлада Металург 2

Бутел брзо го заборави поразот од Охрид во македонската ракометна лига, откако денеска славеа со 29-23 против Металург 2.

Ракометарите на Бутел не беа доминантни во мечот против Металург 2 како што се очекуваше, па на полувреме имаа водство од 14-10, иако во еден момент од првото полувреме имаа и седум гола предност.

Во вториот дел отворија добро и брзо создадоа сигурна предност од 24-16, но Металург 2 успеа да врзе неколку поени по ред и да намали на три гола негатива. Сепак, Бутел на крајот успеа да слави со 29-23.

Најдобар во победничкиот тим беше Мајиќ со седум гола, а кај Металург 2 најефикасен беше Стојановиќ со 13 погодоци.