Бутел го испоти Алкалоид, но не успеа да го изненади!

Алкалоид запиша нови бодови во Суперлигата откако славеше на гостувањето кај Бутел со 23-20.

Бутел се покажа како тврд орев за македонскиот вицешампион, првото полувреме беше изедначено, а така и заврши, на одморот се отиде со резултат од 12-12.

Отпорот на домаќините беше скршен во текот на второто полувреме кога Алкалоид успеа да се одлепи и на крајот да ја сочува предноста за победа од 23-20.

Митев и Серафимов беа најдобри во составот на Алкалоид со по пет постигнати гола, за Бутел Филип Николов реализираше девет погодоци.