Битолчани бараат нов кормилар: Алушовски и Еурофарм Работник се разделија

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Работник ја прекина соработката со досегашниот тренер Стевче Алушовски, само еден ден после поразот во Шабац од Металопластика во СЕХА-лигата (26-27) и биточлчани денеска соопштија дека спогодбено се разделуваат со кормиларот на тимот.

Алушовски и управата на клубот после вчерашниот состанок заеднички се согласиле дека во интерес е да се прекине соработката во интерес на тимот и продолжението на настапите на битолскиот клуб во ЛШ и во регионалното натпреварување

„Управата на РК Еурофарм Работник денес спогодбено ја прекина соработката со досегашниот прв тренер на клубот Стевче Алушовски. На вечерашниот состанок заеднички е констатирано дека во интерес на клубот и понатамошните настапи на екипата во ЛШ и СЕХА лигата најдобро е да дојде до прекин на соработката. Управата на РК Еурофарм Работник му се заблогодарува на досегашниот ангажман Алушовски, му посакува многу здравје и понатамошни спортски успеси“, објавија битолчани.