„Бев анонимец за соиграчите, а сега - сите се ‘крстат’ во моите одбрани!“

Младиот српски голман Дејан Милосављев летоска пристигна во Вардар, како релативно непознато име, но по само неколку натпревари се етаблира како исклучително важен шраф во машината на тренерот Парондо, одушевувајќи со своите одбрани пред сѐ на натпреварите од Лигата на шампионите..

Во интервју за ракометниот портал Балкан Хендбол, 22-годишниот чувар на мрежата на црвено-црните објаснува како пристигнал во Скопје и какви очекувања имал од својот престој во таборот на вардарци.

„Дојдов да бидам втор голман и да му помогнам на Страхиња Милиќ, но се случија некои работи, па станав прв чувар на мрежата. Во еден дел се плашев од предизвикот, затоа што сè беше ново за мене. Но, благодарение на Дејан Периќ, кој ме подготвува одлично добив мир и голема поддршка. Ние функционираме како семејство и цел ден сме заедно на него. Имам среќа што Периќ е тука. Доколку го немаше, ќе ми беше многу потешко“, вели Милосављев.

Младиот голман признава дека на почетокот имале проблеми во екипата бидејќи Вардар се соочува со смена на тренерот и неколку важни играчи.

„Имавме многу проблеми во првите 15-20 денови, додека не почнаа натпреварите и никој не знаеше што да очекува. Останаа неколку искусни играчи кои ни помогнаа да се прилагодиме полесно“, објаснува младиот голман.

Добрите партии на Милосављев на почетокот биле изненадувачки дури и за неговите соиграчи.

„Кога доаѓав никој не ме познаваше од соиграчи, а само дел од нив слушнале за мене. Во првите 15-20 дена слушав коментари од типот 'млад е' и дека веруваат во мене, но не претпоставуваа дека можам да бранам на високо ниво. Потоа си замина Џамбо и нивните стравувања стануваа поголеми. Но, од меч на меч ја кревав формата, почнувајќи од пријателските турнири, а сега после секој дуел, одушевени ме прашуваат до кога можам да продолжам во овој ритам. Сега имам голема поддршка од соиграчите, драго ми е што почнаа да ми веруваат“, вели Србинот на голот на Вардар.

Милосављев го наследи големиот Арпад Штербик на голот, па објасни каков е нивниот однос и се потсети на натпреварот поме

„Кога ќе го видам Штербик, не можам да кажам ниту збор. Затоа не можам да зборувам со него. Тоа е до мене. Видов како го гледаат другите играчи и како се однесуваат кон него и морам да признаам дека сум воодушевен. Успеавме да го победиме во Веспрем, но не ми е јасно како се случи тоа. Знаевме во каква ситуација се наоѓаме поради повреди. Морав да го гледам целиот натпревар за да се сетам на деталите. Од атмосферата, главата ќе ми пукнеше“, објасни Милосаљев.

Целото интервју на голманот на црвено-црните можете да го прочитате ТУКА.