
Алкалоид без мака го совлада дебитантот Аеродром
Аеродром се држеше до средината на првото полувреме (15-15), но потоа влезе во криза и тоа го искористи Алкалоид за да замина на пауза со 21-16.
Водството на Алкалоид продолжи да расте во второто полувреме, па набрзо предноста достигна 29-18, по што без мака екипата на Кире Лазаров славеше со 44-30.
Најефикасен кај Алкалоид беше Иван Џонов со 10 голови, додека Александар Петковски постигна осум погодоци. Кај Аеродром најдобар беше Наум Костов со седум гола.