Веспрем гази сè по ред: Манасков постигна три гола против Татабања

Веспрем продолжи со одличните настапи во новата сезона, па денеска славеше со 33-22 против Татабања во унгарското првенство, а македонскиот репрезентативец Дејан Манасков постигна три гола.

Екипата на Манасков беше убедлива уште во првото полувреме, па најави дека нема намера да ја испушти победата во денешниот меч, откако на паузата замина со водство од 15-10.

Во второто полувреме Веспрем продолжи со доминацијата, па стигна и до двоцифрена предност, односно ги постави конечните 33-22.

Најдобар во редовите на победничкиот тим беше Мае со седум гола, а Манасков постигна три погодоци.