Велкоски со факел в рака лудуваше со најверните навивачи на Сараево (ВИДЕО)

Фудбалското првенство во БиХ денеска го доживеа својот крај, а екипата на Сараево, каде што настапува македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски, беше прогласена за шампион.

Велкоски заедно со останатите соиграчи им се приклучија на најверните навивачи на улиците на главниот град на БиХ каде ја прославуваат титулата.