Тричковски останува во АЕК Ларнака и во наредните три сезони

Македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски ќе го протолжи договорот со АЕК Ларнака до 2022 година, објавија од кипарскиот тим.

Тимот од Кипар денеска излезе со соопштение со кое откри детали од договорот со Тричковски.

АЕК Ларнака со задоволство го обнови договорот за соработка со Иван Тричковски. Целото семејство на АЕК му посакува успех во иднина, се вели во соопштението.