Томовски е голман на сезоната во Втората германска лига (ФОТО)

Maкедонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски зад себе има одлична сезона во која беше и меѓу најзаслужните за пласманот на Битигхајм во најсилната германска лига.

Томовски беше одличен меѓу стативите и сезоната ја заврши со 31% на успешност и на 31 настап собра вкупно 273 одбрани. Тоа му донесе просечна оценка од 73.

Токму затоа сосема заслужено доби место и во најдобриот тим од Втората лига во Германија.