„Скај Спортс“ открива: Италијански гигант неделава ќе има нови преговори за Елмас

„Скај Спорт Италија“ објави дека Наполи неделава планира да одржи нови преговори со Фенербахче за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, па конечно би можел да падне некој договор меѓу екипите.

Наполи, наводно, се подготвува за разделба со Руиз, кој би можел да се пресели во Мадрид, па токму Елмас треба да биде замената за него во редовите на италијанскиот гигант.

Клубот од Неапол во моментов нуди „само“ 13 милиони евра, додека Турците бараат 20 милиони, па останува да видиме дали ќе се договорат на следниот нивни состанок.