Ново признание за Дориев: Избран е за најдобар странец во Узбекистан!

Maкедонскиот фудбалер Ључпо Дориев доби признание за своите одлични настапи во Узбекистан и е избран за најдобаар странски фудбалер во ова првенството.

Признанието за Дориев е сосема заслужено бидејќи од почетокот на сезоната игра во одлична форма и зад своето име има 16 голови на 30 натпревари.

За него ова е трета сезон во Узбекистан во кој е и најефикасен, а претходно беше дел од Шкендија и Брера.

Покрај голгетерскиот учинок тој сезонава и неколку пати беше избран во тимот на неделата, покрај тоа еднаш го постигна и голот на неделата.