Миовски влезе во топ форма - вечерва стрелаше и со „ножички“! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски изгледа влегува во одлична форма кон крајот на годината и вечерва одново стрелаше.

По двата гола во првенството против Климарнок со кои се најде и во тимот на колото, сега стрелаше и во Лигата на Европа против Ференцварош. Се играше 27. минута од натпреварот кога Миовски донесе водство за гостите.