Eлмас влезе и ја разбуди Аталанта, па асистираше за чудесен пресврт! (ВИДЕО)

Eкипата на Аталанта со голем пресврт славеше против Борац од Бања Лука со 3-2, а голем придонес за победата даде и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Борац во првото полувреме постигна два гола преку Јуричиќ и Декет во 22-та и 29-тата минута. Елмас на теренот влезе во 78-та минута и како да ги разбуди Италијанците.

Крстовиќ намали на 2-1 во 86-тата, Колашинц четири минути подоцна израмни, за Елмас да му асистира на Запакоста во 93-тата минута за победа.

Ако Елмас имаше добра вечер на спротивната страна вториот наш репрезентативец во овој дуел Себастијан Херера зарабтои директен црвен картон во 88-та минута. Дамјан Шишковски исто така кај Борац остана на клупата за резерви.