Борац Бања Лука го потврди трансферот на Николов (ВИДЕО)

Борац Бања Лука и официјално го потврди трансферот на македонскиот фудбалер, Бобан Николов.

Николов беше без клуб по заминувањето од унгарска Кишварда, па во редовите на Борац пристигнува како слободен играч.

Во Бања Лука тој ќе му се придружи на македонскиот чувар на мрежата Дамјан Шишковски и ќе има можност да игра во Конференциската лига.

Се најавуваше Николов како можно засилување во редовите на Вардар, но сепак од неговото враќање во црвено-црниот дрес не излезе ништо. Низ кариерата која ја започна во школата на Брегалница играше уште за Витроул, Видеото, МОЛ Фехервар, Видеотон Шериф Тираспол, Лече и Стеауа.