„Бомбата“ на Ристовски против Шибеник гол на месецот во Хрватска (ВИДЕО)

Голот на Стефан Ристовски против Шибеник во хрватското фудбалско првенство е избран за гол на месецот.

Ристовски во листата на стрелци се запиша во 95. минута, а освен што донесе три бода за својот тим во тој дуел сега доби и посебно признание.

Треба да се спомене и дека Ристовски беше херој на Динамо во натпреварот против Осијек кога во 95. минута постигна гол за победа.