Агрон Руфати кариерата ја продолжи во Албанија

Некогашнот младински репрезентативец на Македонија, Агрон Руфати кариерата ја продолжува во Албанија во тимот на Динамо Сити.

По завршувањето на минатата сезона Руфати се раздели со струмичка Брера, а сега го пронајде својот нов ангажман.

Динамо е клуб кој сезоната во албанското првенство не ја започна на најдобар начин и запиша два порази, па така 25-годишниот Руфати доаѓа да ја зацврсти одбраната.

Брера беше и негов единствен клуб во Македонија, а беше дел уште и од Зорја (Украина), Истра (Хрватска) и младинските категории на Локомотива и Динамо (Хрватска).