Змија прекина меч во Русија (ВИДЕО)

На натпреварот во руската Премиерлига меѓу Ахмат Грозни и Сочи се случи краток прекин, кој го предизвика една змија.

Во второто коло од рускиот шампионат, во седмат аминута судијата побара помош од редарите за да ја отстрани змијата од теренот.

Фудбалерите и гледачите не беа свесни во прв момент за што станува збор, но потоа забележаа дека редарите изнесоа змија од теренот.