Жесус им се „истури“ на новинарите: Сите треба да добиете коронавирус! (ВИДЕО)

Тренерот на Фламенго, Жорж Жесус се врати од Бразил во Португалија, но немаше најпријатен пречек на аеродромот во Лисабон.

Него го сретнаа новинарите без никаква заштита, а тоа го изнервира Жесус, кој им кажа дека сите треба да добијат коронавирус.

„Оставате ме. Зошто ништо не почитувате? Треба сите да добиете коронавирус“, им кажа нервозниот Жесус на собраните новинари и фоторепортери.

Жесус неодамна беше двапати тестиран на Ковид-19, а првиот пат беше позитивен, по што вториот тест покажа негативни резултати.