Во Италија има една сила поголема од фудбалот, се вика - пица! (ФОТО)

Фудбалот е голема движечка сила во Италија, меѓутоа има една друга која е посилна, постара и неискоренлива - пица.

Тоа го потврди фотографија која излезе по завршувањето на мечот меѓу Салернитана и Верона, а ја споделија мноштво европски медиуми. На фотографијата, еден фудбалер на Салернитана и еден на Верона седат во тунелот, по нивниот меѓусебен натпревар и јадат пица. 

Не е дека мечот бил мирољубив, беше решен со гол во 94. минута, во корист на Салернитана, за конечни 2-1, а во 98. минута имаше и црвен картон. И покрај сите искри на теренот Федерико Бонацоли и Симоне Верди седнале на скали и поделиле пица. Приказната е во тоа што Верди, кој сега е во таборот на Верона и дебитираше во септември, во пролетнта полусезона играше за Салернитана, на заем, така што сигурно се чувствувал како дома.