Ванда го напушта Икарди: Ќе се разведам, не можам повеќе да издржам

Љубовниот пар Мауро Икарди и Ванда Нара повторно е во центар на внимание, откако се појави аудио снимка во медиумите на која може да се слушне дека Аргентинката бара развод од фудбалерот.

Ванда повеќе не може да издржи во брак со Икарди, па поради тоа решила да се разделат.

„Кармен, дојдов во Аргентина за да се разведам од Мауро. Ќе останам неколку дена и потоа ќе се вратам и ќе ти донесам сè што ти треба. Организирам сè за развод, зашто не можам повеќе да издржам“, кажала Ванда.

Атрактивната девојка претходно стана главна тема, кога објави видео на социјалните мрежи како непознат маж ги бакнува нејзините гради.