Ужас во САД: Голферка била силувана и убиена, а телото фрлено на терен

Страшни вести ја потресоа спортската јавност во САД, откако медиумите излегоа со информација дека млада голферка била грозоморно убиена и тоа на голферски терен. 

Селија Баркин Арозамена најпрво била силувана, па убиена велат американските власти, откако нејзиното безживотно тело било пронајдено на голферски терен во Ајова. 22-годишната Шпанка бил голема ѕвезда на универзитетскиот тим на Ајова Стејт, а експертите и предвидувале блескава кариера.

Полицијата веќе приведе едно лице под сомнение дека го извршило грозоморниот чин. Се работи за Колин Даниел Ричардс, кој и бил познат на полицијата, бидејќи бил осудуван за семејно насилство и физички напад. Засега не се познати причните како и зошто Ричардс го извршил делото.