Утринска тепачка пред дербито за Мостар: Летаа боксови, факели, се кршеа автомобили (ВИДЕО)

По четири годишна пауза, денеска во елитната босанска фудбалска лига повторно ќе се игра градското дерби на двата клуба од Мостар, Вележ и Зрињски, кое секогаш нопси голем безбедносен ризик поради фактот што се тоа тимови на двете етнички заедници во градот – муслиманската и хрватската.

Денешниот ден започна бурно, откако 50-тина навивачи на Вележ преминаа на левата страна на реката Неретва и почнала тепачка со своите противници од трибините, истовремено нарушувајќи го јавниот ред и мир. На снимките се гледа како летаат тупаници и многу запалени факели, а се слуша како се кршат и околните автомобили кои се паркирани на место на тепачката.

Присуството на полицијата е засилено, со цел да се спречат нови вакви судири на воинствените навивачи групи на прволигашите од Мостар.