Урнебесно: Го прекина пресот зашто му влезе лут сос во очи! (ВИДЕО)

Член на стручниот штаб на Далас каубојс, Мајк Нолан мораше да ја прекине конференцијата за медиумите, зашто се допре со рацете по очи, откако претходно јадел лут сос.

Само што почна да зборува за новинарите, Нолан со прст се допре за око и тука се создадоа проблемите.

„Извинете, имам нешто во око. Имав лут сос на прстот, а сега е во окото и тоа не е добро“, кажа Нолан.