Урнебес: Ковачиќ се ракуваше со Тери, па со солзи го напушти теренот (ФОТО)

Лондонски Челси вчера во вонредното коло во англиската Премиерлига ја победи Астон Вила, чиј тренер е легендата на „сините“ Џон Тери, но освен триумфот мечот го одбележа и еден момент од едно обично ракување на Тери и хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ, кој потоа се расплака.

Урнебесната сцена ја изнасмеа светската јавност, во моментот кога Ковачиќ тргна да се поздрави со Тери по завршувањето на мечот. Англиската легенда толку силно го стисна Ковачиќ, по што овој со болна гримаса и со солзи во очите замина кон соблекувалната.