Ултимејтфајтер направил скандал: Украл такси, па го демолирал хотелот

ММА-борецот Дарен Тил минатата недела направи неверојатен скандал во Шпанија, откако со пријателите демолирал хотел. Меѓутоа, претходно украл и такси, поради што завршил пред судот.

Тил минатиот четврток украл такси, по што го пријавил возачот, а подоцна неговите пријатели заедно со него направиле хаос во луксузен хотел, во кој го уништиле мебелот и ги испразниле апаратите за пожар.

Англискиот борец ќе мора да плати 700 фунти поради сите проблеми кои ги направил со таксито, а исто така ќе мора да плати и дополнителни 8.500 фунти за штетата во хотелот.