Украински репрезентативец истепан од група криминалци (ВИДЕО)

Украинскиот репрезентативец Артем Беседин (24) е исклучително проблематичен карактер. Фудбалерот на Динамо Киев моментално е суспендиран од ФИФА поради користење допинг. Во помладите денови бил на прагот да стане криминалец, бидејќи се дружел со опасно друштво. 

Имал проблеми со однесувањето, па Динамо Киев сакал да го избрка од својот тим уште пред неколку години,. Благодарение на тогашниот тренер Сергеј Ребров, фудбалерот добива уште една шанса и со својот квалитет успева да се избори и за место во украинската репрезентација.

Денеска низ украинските медиуми се појави видео-снимка од пред четири години, на која Беседин добива ќотек. Тој е опкружен од неколку опасни ликови, по што едниот го удира фудбалерот со шлаканица.