УЕФА не може да измисли таква казна која би ги спречила спектаклите на ултрасите на Легија (ВИДЕО)

Ако некоја навивачка група е „главен непријател“ во Нион, седиштето на УЕФА, тоа без дилема се – приврзаниците на Легија. Полскиот гигант во последните години се „уби“ плаќајќи казни за спорни кореографии против бирократите во УЕФА, користење на пиротехника, ама ништо од тоа не може да ги спречи ултрасите да продолжат со своите спектакли. Последна во низа е кореографијата во Лига Европа против Атромитос, која повторно го воодушеви навивачкиот свет.