Тоти сака четврто дете, Илари му порача: Нека си најде друга, па нека направи!?

Римската икона Франческо Тоти веќе две децении е во среќен брак со Илари Блази, позната телевизиска презентерка со која има три деца, но многупати „Принцот на Рим“ посочуваше дека сака и четврто дете, но...

Илари на гостување во едно телевизиско шоу урнебесно ја изнасмеа цела Италија, откако водителот и посочи дека Франческо планира и четврто дете и проширување на семејството.

„Трите деца се совршен компромис и совршен број. А, ако Франческо инсистира на четврто дете, нека си најде друга да го направи“, изјавила Илари и прснала од смеа, по што цела Италија се превртела од смеење на нејзиниот одговор.

Тоти откако е во брак со Илари многупати посочуваше јавно дека неговиот живот без преубавата своја сопруга немал да има смисла.

Илари пред десет дена ги зовре социјалните мрежи откако објави топлес-слика на Инстаграм.

View this post on Instagram

🏝

A post shared by Ilary Blasi (@ilaryblasi) on