Тежок викенд за Милинковиќ - Савиќ: Тројца крадци го „оперираа“ неговиот дом!

Фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, беше непријатно изненаден при враќањето дома по натпреварот со Јувентус, кој тимот од Рим го доби со 3-1.

Српскиот фудбалер на дуелот со Јувентус одигра одлично и со гол допринесе неговиот тим да му го нанесе првиот пораз на Јувентус оваа сезона во Серија А.

Италијанските медиуми објавија дека Милинковиќ-Савиќ бил жртва на кражба кој украл околу 5.000 евра од неговата вила, притоа оставајќи го без скапи предмети во вредност од 100.000 евра.

Украдените предмети вклучуваат, меѓу другото, и часовници „Ролекс“ и „Хаблот“, пишуваат медиумите.

Милинковиќ-Савиќ веднаш ја известил полицијата, а на видеата се гледа дека грабежот го извршиле тројца момци.

Во последните неколку месеци на удар на крадци се најдоа и Маркизио, Алан, Зиелински...