Тежок срам: Познат тренер влезе во „Милионер“ и не освои ниту едно евро! (ВИДЕО)

Англискиот тренер Хари Реднап влезе во историјата на популарното шоу „Сакате ли да бидете милионер“ затоа што не освои ниту едно евро.

Реднап доби прашање за тоа кој го глумел Џон Рамбо во пет акциони филмови, а како понудени одговори му беа Мел Гибсон, Арнолд Шварценегер, Брус Вилис и Силвестер Сталоне.

„Последен пат бев во кино да го гледам ‘доктор Живаго’ со својата сопруга кога имав 17 години“, кажа Реднап, по што за конечен одговор го означи Брус Вилис.

Брус Вилис и Силвестер Сталоне беа единствените два понудени одговори кои останаа на екранот, но англискиот тренер успеа да промаши и да остане без пари.