Тенисерот Кирјос ептен забега – си отвори профил на порно сајт (ФОТО)

Австралиецот со грчко потекло, Ник Кирјос, важи за контроверзен тенисер, кој никого не остава рамнодушен, па сега отиде и чекор подалеку отколку што било кој можеше да очекува.

На почетокот од кариерата беше голем критичар на Новак Ѓоковиќ, па прерасна во израсна во негов многу добар пријател, а помеѓу тоа кршеше рекети, се расправаше на теренот и имаше многу контроверзни потези на тернеот и надвор од него. Тој е активен на бројни социјални мрежи, но денеска ги шокира сите објавувајќи дека направил профил на сајт кој важи за забранет за помлади од 18 години и најчесто се користи за - порнографија.

„Едноставно стана многу полудо, Придружете ми се на Онли фанс. Бесплатно е за секого. Ќе има се, од случувањата зад сцената, до теренот и секојдневието. Се гледаме таму“, напиша Кирјиос.

Во коментарите, многу фанови се прашуваат, дури и стравуваат, каква содржина ќе прикажува Киргиос зад сцената, односно дали ќе го следи примерот на 99-отсто од корисниците на оваа мрежа кои објавуваа експлицитни фотографии и видеа со сексуална содржина.