Светот е во криза, ама не и Брејди кој си најде луксузна вила од 14 милиони долари! (ВИДЕО)

Легендарниот Том Брејди неодамна потпиша за Тампа Беј, поради што мораше и да си најде нов дом. Сепак, НФЛ-ѕвездата немаше многу дилема за тоа каде ќе живее во иднина и си изнајми вила од речиси 3.000 квадратни метри.

Брејди се всели во вилата на безбол ѕвездата Дерек Џетер, која вреди 14 милиони долари, а НФЛ-играчот ќе ја изнајмува за околу 75.000 долари месечно.

Вилата е изградена во 2010 година, а има базен, две места за приватни чамци, седум спални соби, девет бањи, соба за забава и огромна дневна соба.