Србин загуби 6.500 евра на Вардар - Фенербахче (ФОТО)

Вардар синоќа направи едно од поголемите изненадувања во првите натпревари од плеј-офот во Лигата на Европа. 

„Црвено-црните“ славеа со 2-0, а на полувремето беше 1-0 за нашиот шампион. Ваквиот резултат го чинеше еден обложувач од Србија приближно околу 6.500 евра. Србинот уплатил само 50 динари на девет натпревари сите од Лигата на Европа.

Ги погодил сите освен дуелот во Скопје помеѓу Вардар и Фенербахче. Тој типувал гол-гол и 3+ или преведено дека двата тима ќе дадат барем по еден гол и ќе има повеќе од три голови на натпреварот. Ако Вардар победеше со 2-1 овој обложувач ќе беше побогат за 6.500 евра.