Совршен крај на убавата приказна: Зинченко ја запроси згодната новинарка (ФОТО)

Левиот бек на Манчестер Сити, Александр Зинченко, се вери денеска со згодната новинарка која често ја бакнуваше пред малите ТВ-екрани.

Репрезентативецот на Украина и младата девојка се во врска веќе неколку месеци, а не ја криеја својата врска ниту на социјалните мрежи.

Откако со својата селекција го осигура настапот на Европското првенство наредната година, младиот играч реши да ја круниса одличната година со веренечки прстен. Па така, на Олимпискиот стадион во Киев ја побара за сопруга својата девојка Влада Седан, која веднаш го кажа судбоносното „да“.

Најважното „да“ во мојот живот, напиша Зинченко на Инстаграм со фотографија од својата свршеница.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Самое главное «ДА» в моей жизни ❤️

A post shared by Alex Zinchenko (@zinchenko_96) on