Скопјанец загуби 173.000 евра поради еден - единствен гол! (ФОТО)
Никој на светот не сака да му е сега во кожата на овој обложувач, но сите треба да му се воодушевиме на креативноста која ја имал при типувањето на тикетот. Штета што ливчето „не влезе“ па тогаш ќе пишувавме за најголемата добивка во историјата на Македонија. А немаше на оваа вест да останат имуни ниту странските медиуми.
Да почнеме со ред. Нашиот јунак одигра шест натпревари, пишани на три различни тикети. Две ливчиња се со уплата од по 125 денари и едно со „пеесче“.
Чудо е што сѐ погоди момчето кое тикетот го уплати на 1 јануари, обложувајќи се на натпревари од понделникот, вторникот и денеска. „Падна“ веќе во понеделникот и тоа за само еден гол - погодок кој требаше да биде постигнат на првите 45 минути од мечот Евертон - Манчестер јунајтед, дуел каде што типувал дека ќе заврши „двојка“ на полувреме и „двојка“ на крај, а дека притоа ќе има три гола на мечот. Четата на Мурињо победи со 2-0, чисто за инфрмација, двата погодоци паднаа во вториот дел.
Преостанатите погодени парови се:
Барнли - Ливерпул (одиграно икс во два) - мечот заврши 1-2 (полувреме 0-0)
Лестер - Хадерасфилд (одиграно икс во кец) - мечот заврши 3-0 (полувреме 0-0)
Торонто - Милвоки (одиграно нерешено во регуларен период) - мечот заврши 114-114
Чикаго - Портланд (одиграно нерешено во регуларен период) - мечот заврши 112-112
Арсенал - Челси (одиграно нерешено) - мечот заврши вечерва 2-2
Се надеваме дека ова некако ќе стигне до Јунајтед, па оттаму да се потрудат да му организираат бесплатна сезонка карта на скопскиов јунак. Барем толку можат да направата за стресот што му го приредија!