Скандал: Бивш ватерполист навредувал свештеник и уринирал во црква!

Данило Аџиќ, поранешниот ватерполист на Црвена Звезда и Партизан, бил главен актер во големиот скандал кој се случил во ноќта меѓу недела и понеделник во Котор, Црна Гора.

Познатиот црногорски ватерполист уринирал по вратите на српската црква Свети Никола во Котор, а во негово друштво биле и поранешниот фудбалер Милош Баничевиќ и каратистот Даниел Кривокапиќ.

Аџиќ тука не запрел, туку потоа ја навредувал сопругата на свештеникот Немања Кривокапил зашто ги предупредила поради нивното недолично однесување, а бившиот ватерполист немал добри зборови ниту за свештеникот.