Синот на Александар Вучиќ меѓу хулиганите во Гелзенкирхен (ВИДЕО)

Неколку големи инциденти се случија во пресрет на денешниот натпревар меѓу Србија и Англија.

Српските навивачи се тепаа и против Албанци и против Англичани, а во центарот на вниманието се нашол и синот на претседателот Александар Вучиќ, Данило. На снимките може да се види дека тој сака да се вклучи во тепачките, но специјалното обезбедување не му дозволува да го направи тоа.

Однесувањето на Данило наиде на жестоки критки во Србија каде го оценија како недолично, а за синот на претседателот тврдат дека не би се мешал во инцидентите ако зад него не е обезбедувањето.