Сестрите на Роналдо во еден глас: Не се зафркавајте со брат ми! (ФОТО)

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо, одигра уште еден одличен натпревар за својата Португалија, постигнувајќи три гола против Литванија во победата од 6-0.

Португалија ја задржа бодовната предност во однос на Србија и ќе обезбеди пласман ако победат во Луксембург или доколку Србија во недела не ја победи Украина.

По уште една фантастична игра, Роналдо го гушна својот тренер Фернандо Сантос, а многумина веруваат дека тоа беше силна порака до неговиот тренер до Јувентус, Маурицио Сари.

Сари го повлече од игра на дуелот против Милан, а Португалецот, наводно, го навредил тренерот со грди зборови. Инаку, италијанскиот стручњак велеше дека го извадил Роналдо од игра бидејќи е повреден, но Сантош синоќа по натпреварот потврди дека на неговиот најдобар играч не му е ништо.

Сега и сестрите на Роналдо се вклучија во оваа „војна“, откако Катиа Авеиро напиша на Инстаграм: „Не се зафркавајте со него. Гордост на сестра!, напиша сестрата на Роналдо.

И другата сестра, Елма Авеиро, остави слична порака на Инстаграм.