Селски фудбал во Хрватска: Скара крај терен, голманот јаде, па и на кучето му дава (ВИДЕО)

Дека Балканот и фудбалот во регионот е жив циркус, посебно во ниските лиги е одамна познато, ама вакво нешто досега е невидено и се случи во Хрватска. На меч на островот Хвар, играле Леванда и Ватра и дуелот го одбележале – антологиски сцени.

Гледачи и резервни играчи крај аут-линијата си прават скара, па на голманот за да не му биде досадно, му дале сендвич да си касне малку. Циркузот продолжува, со тоа што куче доаѓа зад голот, па својот сендвич несебичниот чувар на мрежата го поделил со него.

На крај, додека јаде голманот Стефан Дулќиќ се стресол во момент кога противниците тргнале во напад, па не знаел што со сендвичот, но соиграчите лесно го спречиле нападот, а тој продолжил мирно да си ужива во храната.

Лигата на осровот Хвар е под капата на ХНС.