Се јави девојка која сака да го уништи Фоден: Му испраќав слики во долна облека...

Фил Фоден е венчан и има мало дете, но тоа не го спречи да лудува на Исланд и да спие со атрактивна девојка при гостувањето на англиската фудбалска репрезентација.

Фоден заедно со Мејсон Гринвуд беше во хотел со неколку Исланѓанки, но тоа набрзо беше откриено, по што двајцата фудбалери беа исфрлени од репрезентацијата.

Сепак, Фоден ниту во Англија не седи мирен, па англиските медиуми открија дека имал неколку афери додека бил во врска или венчан.

Една од нив е Луси Џонс, 23-годишна девојка, која сега откри дека Фоден сакал да ја запознае минатата година, иако имал девојка и син, па реши уште повеќе да му ја уништи репрезентативната кариера.

„Луѓето мора да знаат дека тоа не е ништо ново и мора да дознаат каков е Фил. Постојано  зборуваше со мене. Му испраќав слики во долна облека и градник, кои ги обожаваше“, кажа Луси која се обидува уште повеќе да му го уништи животот на младиот фудбалер.