Исланѓанката откри сочни детали од забавата со англиските таленти Фоден и Гринвуд

Двајцата англиски таленти Фил Фоден (Манчестер сити) и Мејсон Гринвуд (Манчестер јунајтед) се најдоа во центар на скандалот после забава во тимскиот хотел со две девојки од Исланд, по што беа избркани од националниот тим за прекршувања на протоколот за заштита од коронавирус.

Двајцата екстраталентирани фудбалери добија парична казна, се извинуваа јавно до селекторот Герет Саутгејт, ама и една недела после случката се во центар на вниманието за нивната дружба со Лара Клаусен и Надја Сиф Линдал Гунарсдотир.

Скандалот излезе во јавност откако на социјалните мрежи се појавија снимки од дружбата на двете девојки со англиските репрезентативци, па Клаусен за англиските таблоиди реши да открие скоро сè, па и да каже по некој сочен детал од ноќта на забавата.

„Фил бараше да одиме во мојата соба, за да бидеме сами и пушти некој филм на ТВ, не ни знам за кој стануваше збор, па ми рече дека е во гинисовата книга на рекорди како најмлад фудбалер што освоил трофеј. И само му одговорив: 'баш убаво'. Ми раскажуваше како бил просечно дете, а воопшто не беше вообразен, ниту се однесуваше како некој што е популарен. Постојано нешто се шегуваше. Но, не ми кажа дека има девојка и дете. И потоа ме праша колку сум висока, па беше во шок кога сфати дека сум повисока од него. И потоа само ме бакна, не одговори ништо. Јас му возвратив на бакнежот. Баш убаво се бакнува“, открива Лара.

Нормално, таа со Фоден завршила во кревет, а после сексот во нивната соба влегле, Надја и Гринвуд, кој се забавувале во друга соба.

„Кога влегоа, Гринвуд само ми кажа дека имам многу убав задник. Воопшто тоа не ми сметаше. Фоден само дофрлаше дека сум згодна и убава, ама нормално беше фасциниран од мојот задник. Убедена сум дека му беше многу убаво со мене. Постојано убаво говореше за мене, постојано повторуваше дека сум убава. После тоа ме гушна и на Мејсон му порача дека отсега сум негова заштитничка. Многу среќно си замина Фил од мојата соба“, додаде Лара.