Сари си запали цигара на трибини, па од камерите ја скри како мало дете (ВИДЕО)

Одамна е познато дека тренерот на старо-новиот италијански првак Јувентус, Маурицио Сари е страствен пушач и практично тој не може да издржи без цигара, па синоќа на последниот меч од продолжената сезона со Рома, си седеше сам на трибините и реши да запали една во меѓувреме.

Арно ама, Сари откако си ја запали цигарата, сфати дека го снимаат камерите, па реши да ја скрие истата како да е „тинејџер“, кој се крие од родителите кои не знаат дека пуши. И таа рекација стана вистински хит на социјалните мрежи, а Сари се најде на тапет на сеир кај твитерџиите.