Русите го истролаа Порто: Извинете, ама не прикажуваме филмови за возрасни (ФОТО)

Краснодар на домашен терен во квалификациите за Лигата на шампиони загуби со 0-1, но потоа сред Португалија успеа да го совлада Порто со 3-2 и така обезбеди пласман во следното коло.

Руската екипа по првите 45 минути имаше високо водство од 3-0, а една руска телевизија реши да се пошегува на сметка на Порто.

„Се извинуваме, ама немаме лиценца за прикажување на филмови за возрасни. Краснодар го уништи Порто...“, објави телевизијата.