Роналдо: Сексот со Георгина поубав од сите мои голови!

Португалската гол-машина Кристијано Роналдо, ѕвездата на италијанскиот великан Јувентус, кој во кариерата досега постигна над 700 голови откри дека сексот со својата свршеница Георгина Родригез, со која има ќерка и наскоро планира да се ожени не може да се спореди со ниту еден од неговите низа суператрактивни погодоци.

Роналдо во интервјуто кај Пирс Морган на „ИТВ“ признал дека ниту еден подгодок, па ни ножичките пред две сезони за Реал Мадрид во Торино против неговиот актуелен клуб не се споредуваат со Георгина. Португалецот погоди мајсторски и го воодушеви целиот свет со потегот, но за него има и нешто послатко од таквите погодоци.

„Не, не! Ништо не се споредува со мојата Георгина. Не“, одговорил Роналдо на прашањето дали мајсторијата во Торино е врв на сè.

„Ваков гол се обидував да дадам во целата моја кариера, со години и години. Имам над 700 гола, но не и ваков. Конечно, успеав да погодам со 'ножички'. Начинот на кој го направив, против Џиџи Буфон, во Лигата на шампионите... Тоа е нешто прекрасно. И кога луѓето почнаа да ми аплаудираат, тоа беше неверојатно. Бев изненаден, такво нешто ми се немаше случено во животот – неверојатен момент“, додава Роналдо.