Босански фудбалер влезе во историјата на фудбалот: Доби жолт картон по само една секунда! (ВИДЕО)

Фудбалерот на Босна и Херцеговина, Армин Хоџиќ, влезе во фудбалската историја како играч кој го добил најбрзиот жолт картон во историјата на спортот!

Имено, тој доби жолт картон против Залаегержег во мечот на неговиот Видеотон, откако судијата само што означи почеток на мечот.

По почетниот удар, Хоџиќ се удри во противничкиот фудбалер, а потоа со нога допочнително го удри, поради што судијата ја запре играта и му покажа жолт картон.

Подоцна тој залудно се пожали кај главниот арбитер, но одлуката остана непроменета.