Рагбист исчезна пред 14 месеци, а денеска го пронајдоа мртов!

Поранешниот рагбист Брин Харгривс исчезна пред 14 месеци, откако имаше психички проблеми поради ковид-19, а денеска е пронајден мртов во САД.

Харгривс исчезна во јануари 2022 година, по што следеше голема потрага на полицијата, која не успеа да пронајде ништо.

Рагбистот пред неколку години се разделил од сопругата, по што живеел сам и работел како инспектор на гасоводи во САД.

По неговото исчезнување, полицијата влегла во домот каде што ги пронашла сите работи на рагбистот, а исто така бил вклучен тушот во бањата, по што се сомневаа на киднапирање.

„Сè уште не ја знаеме причината за смртта, ниту што се случи на 3 јануари 2022 година. Ви благодариме на сите кои помогнавте во истрагата“, напиша неговиот брат Герет.