Ѝ го соблекоа шорцот, но и со гол задник постигна - „гол“ за победа (ВИДЕО)

Селекцијата на Белгија го совлада Бразил (17-12) во вчерашниот меч од Светскиот куп во „Рагби 7“ натпреварувањето, кој беше за пласман од 9-12 место, додека голема борба и драматичен финиш, во кој победничкиот „гол“ беше постигнат од рагбистка со гол задник.

Де Граве беше херојот во белгиската селекција, која успеа да ја префрли топката преку линијата на голот на противничките, со што го реши натпреварот.

Но, додека се обидуваше да им побегне на Бразилките, тие во немоќ ја повлекоа по шорцевите и ѝ ги спуштија доволно за да ѝ се види задниот дел од телото. Тоа не ја спречи во намерата да поентира, по што доби помош од една од соиграчките, која ѝ го покри голиот дел од телото.