Потпретседател на култен клуб се заклучил во бутик за да избегне – линч

Порпретседателот на бразилскиот култен клуб Фламенго, еден од најголемите во најфудбалската земја, Маркос Браз преживеал вистински хорор во еден трговски центар во Рио де Жанеиро, па за да избегне линч морал да се заклучи во еден бутик.

Во Фламенго врие поради очајните резултати и навивачите бараат да експресно да му биде удрена клоца на транерот Хорхе Сампаоли, поранешен аргентински селектор, но раководството на клубот некако сѐ оддолговлекува и таа нервоза сега кулминирала.

Според очевидци, а се појави и видео, тројца навивачи на Фламенго го сочекале Браз во трговскиот центар и го нападнале. Прво вербално, а потоа и физички, успеале да го исшутираат, а потпретседателот на клубот некако успеал да избега и се заклучил во најблискиот бутик за да избегне уште поголем линч.

Фламенго има дури 12 бода заостаток зад Ботафого, иако е четврти на табелата во бразилското првенство.