Потег за пример: Коста им делеше производи на сонародниците (ФОТО)

Јувентус пред неколку недели му даде дозвола на Даглас Коста да се врати во Бразил каде што мораше да остане 14 дена во изолација.

Коста ги испочитува правилата, по што тргна во акција да им помогне на неговите сонародници. Тој и девојка му купија различни производи и им ги делеше на најзагрозените лица, а со неговиот потег ја воодушеви бразилската јавност.